X
 11.09.2020 Образование

Две студентки од УКЛО освоија прва награда на Меѓународна студентска олимпијада за знаење од областа на осигурување

Во јули 2020 година се одржа Меѓународна студентска олимпијада за знаење од областа на осигурување. Организатори на Меѓународната олимпијада за осигурување се Финансискиот универзитет под Владата на Руската Федерација, Сбербанк осигурителен брокер и МИГ осигурување. Овој настан беше поддржан и од водечките осигурителни компании на Русија.

Целта на Меѓународната олимпијада за осигурување се проширување на опсегот на компетенции, зголемување на интересот за стручни и научни активности во осигурителниот сектор, како и создавање услови за идентификување на надарени и талентирани студенти, унапредување на нивното професионално самоопределување и примена на стекнатото знаење во развој на осигурувањето и зголемување на осигурителната култура.

3

Учесници на Меѓународната олимпијада се студенти на додипломски и последипломски студии од областа на управување со ризици и осигурување од голем број земји во светот. Методолошката рамка на Олимпијадата ја изработи Одделот за осигурување и социјална економија при Финансискиот универзитет. Согласно методолошката рамка, секој кандидат што имаше интерес да се натпреварува требаше да поднесе есеј на тема од осигурување. Врз основа на оценка на есеите се изврши селекција од пријавените кандидати и во втората фаза се квалификуваа 400 учесници од над 15 земји. Втората фаза се состоеше од решавање тест и пишување есеи. Имајќи ја предвид тековната состојба со коронавирусот, полагањето се реализира онлајн, со мониторинг од страна на наставен кадар од секој универзитет од каде што имаше студенти-учесници, како и со видеонадзор.

uklo

УКЛО и Македонија беа претставени од Зорица Цикарска и Марија Кајшоска, студенти на III студиска година, насока осигурување. Тие го освоија првото место во група од 16 студенти победници. Имено, стручното жири одлучи 16 студенти да бидат прогласени за победници поради истиот број на освоени поени од вкупно 400 студенти што беа квалификувани за вториот натпреварувачки круг.

Успехот на Зорица и Марија претставува потврда за квалитетот на наставната програма од осигурување на УКЛО, како и квалитетот на наставниот процес на сите ангажирани професори и асистенти. Секако, успехот на студентите ќе претставува нивна значајна референца во градењето успешна професионална кариера.

Повеќе информации за Меѓународната олимпијада може да се прочитаат ТУКА.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование