Животот во мал простор е нешто вообичаено во Токио, каде што живеат речиси 14 милиони луѓе. Но, да се најдат добро дизајнирани и мали станови во нова градба е вистинска реткост. Затоа во последно време се доста популарни становите „Кукури“.
Она што се смета за мал стан кај нас во Јапонија се смета за доста големо место за живеење. Јапонските минијатурни апартмани може да се прошират до 20 квадратни метри, а сепак да ги вклучуваат сите неопходни работи за нормален живот.
Токму ова го нудат становите „Кукури“ во Токио, кои се популарни кај 20-годишните и 30-годишните луѓе кои претежно живеат сами. Тие се распоредени во неколку различни станбени згради и обично се наоѓаат во близина на прометни области како Шинџуку, Шибуја, Ебису и Накамегура.
Една од посебните карактеристики на овие апартмани е посебната туш-кабина од тоалетот, па многумина ги нарекуваат луксузно сместување. Станот има приклучок и за машина за перење. Опремен е со плоча за готвење и мијалник и обезбедува мултифункционален простор што можете да го претворите во спална и дневна соба, канцеларија или место за одмор.
Месечната кирија во овие мини-станови е од 330 до 530 евра, а интернетот е бесплатен за секого.