Сопственичката на еден стан во Бразил го уредила да изгледа речиси исто како оној од неповторливата серија „Пријатели“.
Таа на „Тик-ток“ објави видео од станот кое е прегледано повеќе од 1,6 милиони пати. На видеото можете да видите многу детали што ќе ги препознаете доколку сте обожаватели на серијата „Пријатели“.
- Моника Гелер има стан во Бразил. Неверојатно, нели? - пишува сопственичката на станот под видеото.
Сите фотографии од станот можат да се видат на веб-страницата на „Ербиенби“ со оглед на тоа што станот може да се изнајми.
„Станот на Моника“ се наоѓа во Порто Алегре, а за ноќевање во средината на февруари треба да издвоите 164 евра.
Извор:
b92.net
Фото:
Twitter