Цените на недвижностите со години растат, а тоа не е само кај нас, туку и во регионот, па и низ светот.
Анализа според податоци од веб-страницата „Нумбео“ покажува дека просечната цена за еден квадратен метар во центарот на Белград е 3.117 евра, додека надвор од градот може да се најде и за 1.775 евра.
Во Загреб цените се малку повисоки. Просечната цена за стан во центарот изнесува 3.524 евра за квадратен метар, додека во другите делови се наоѓа и за 2.322 евра.
Во центарот на Сараево еден квадратен метар просечно чини 1.871 евро, додека на периферијата е 1.204 евра во просек.
Во Подгорица, еден квадратен метар во центарот на градот се движи за нешто над 1.500 евра, а на периферијата е околу 1.200 евра.
Во Атина, просечната цена за стан во центарот е 2.432 евра за еден квадратен метар, а на периферијата е 2.334 евра.
Според „Нумбео“, просечната цена за еден квадратен метар во центарот на Скопје изнесува 1.512 евра, а надвор од центарот се движи околу 1.113 евра.
Низ Европа, стан во центар на Берлин може да се најде за просечна цена од 8.107 евра за квадратен метар, а надвор од центарот цените се движат околу 5.319 евра за квадрат.
Во Виена, просечен стан во центарот чини 8.754 за квадратен метар, додека надвор од центарот изнесува просечно 5.782 евра за квадратен метар.
Во Амстердам, цените во центарот се околу 9.300 евра за квадратен метар, а на периферијата околу 6.176 евра. Квадратниот метар во центарот на Париз е просечно 12.000 евра, а надвор од центарот е околу 9.000 евра.
Во Лондон, цените во центарот се околу 13.283 евра за квадратен метар, а подалеку од центарот еден квадратен метар чини околу 6.600 евра.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay