X
 05.05.2023 Култура

Утре премиера на „Нешто слатко“

Утре во „Синеплекс“ премиерно ќе биде прикажана романтичната комедија „Нешто слатко“ во која главните улоги ги толкуваат Јелена Јованова - Периќ и Сашко Коцев.

„Нешто слатко“ е збунувачка романтична комедија. Филм полн со преплети и забавна содржина. Кариерата на една организаторка на конференции е во рацете на маркетинг гуруто од Македонија кој го пропушта летот за Љубљана. За да избегне катастрофа, го заменува со еден локален слаткар кој изгледа исто како него.

Филмот е во режија на стенд-ап комичарот Тин Водопивец, Јелена Јованова ја толкува главната женска улога – Каја, а Сашко Коцев, се потпишува и како копродуцент и косценарист заедно со Уршка Мајдич.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура