X
 10.04.2020 Култура

Серијата „Зоки Поки“ од следниот месец на МТВ

ТВ-серијата „Зоки Поки“ од 4 мај ќе се емитува на Македонската радио-телевизија. Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и во недела. По емитувањето на МРТ, наредниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата и на официјалниот јутјуб-канал.

Насловната улога ја игра Матеј Настевски. Лидија е Анастасија Аневска, а играат: Матео Матоски, Матеј Зимбаков.

Освен децата-актери, во серијата играат и: Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја глуми неговата баба.

ТВ-серијата „Зоки Поки“ е модерна екранизација на култната детска книга на Оливера Николова. Продуцент е „Кино Око“, копродуцент е МРТВ, а финансиски го поддржа и Агенцијата за филм на Македонија.



Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ.

Сценаријата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска, директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф Иван Бартлинг, шминка Жанета Димитриевска, дизајн на тон Ристо Алчинов, монтажери Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Софија Самоиловска и Драган Алексов, додека за костимите се погрижи Жаклина Крстевска.

Музиката ја компонира Александар Пејовски, песните Александар Митевски, а музиката за најавната шпица – Игор Василев-Новоградска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура