X
 25.02.2016 Култура

Кој ќе освои, а кој треба да освои Оскар годинава?

88-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, на 28 февруари. Академијата, која ги доделува наградите, има фаворити, кои понекогаш за останатиот свет се неразбирливи. „Time“ предвидува кои се тие фаворити, односно кој ќе победи, а кој треба да победи.


Најдобар филм

Треба да победи: „Spotlight“ поради денешната ситуација во новинарството и самиот филм.

Ќе победи: „The Revenant“ поради грандиозноста која секогаш успева кај гласачите во Академијата.


Главен актер

Треба да победи: Леонардо ди Каприо бидејќи покажува лик кој вистински страда.

Ќе победи: Леонардо ди Каприо, бидејќи не добил Оскар досега.


Главна актерка

Треба да победи: Сорси Ронан за „Brooklyn“ бидејќи дава нежна изведба која е потценета и секогаш не добива награди.

Ќе победи: Бри Ларсон за „The room“ бидејќи нејзината улога на мајка во неверојатни услови е примамлива за Академијата.


Споредна машка улога

Треба да победи: Марк Рајланс за „Bridge of spies“ поради уникатната улога.

Ќе победи: Силвестер Сталоне за „Creed“.


Споредна женска улога

Треба да победи: Рејчел Мекадамс за „Spotlight“ поради улогата на силен и директен новинар.

Ќе победи: Кејт Винслет за „Steve Jobs“ поради улогата на Џоана Хофман.


Најдобра режија

Треба да победи: Том Меккартни за „Spotlight“ бидејќи неговиот филм носи помоќна порака од „The Revenant“.

Ќе победи: Алехандро Гонзалез за „The Revenant“.


Анимиран филм

Треба да победи: „Shaun the Sheep Movie“ поради уникатноста.

Ќе победи: „Inside Out“ бидејќи е на „Pixar“.


Странски филм

Треба да победи: „Mustang“ поради суптилната моќ.

Ќе победи: „Son of Saul“.


Оригинално сценарио

Треба да победи: Џош Сингер и Том Мекартни за „Spotlight“ поради спорото темпо и моќната тема.

Ќе победи: Џонатан Херман и Андреа Берлоф за „Straight Outta Compton“.


Адаптирано сценарио

Треба да победи: Чарлс Рандолф и Адам Меккеј за „The Big Short“

Ќе победи: „The Big Short“ бидејќи јасно го објаснува навидум неразбирливото без да ги игнорира деталите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура