Две братчиња и нивниот братучед велат дека останале без зборови кога наишле на коска од тираносаурус рекс кога биле на излет во област на Северна Дакота.
Во јули 2022 година Лијам и Џесин Фишер, кои тогаш имале 7 и 10 години, заедно со нивниот братучед Кајден Медсен, пешачеле низ малото гратче Мармарт со население од 101 жител, кое е познато како главен град на диносаурусите на Северна Дакота поради богатите наоѓалишта на фосили на трицераптос и ти-рекс.
Децата, предводени од таткото на момчињата Сем, наишле на коската на диносаурусот, која неверојатно била закопана пред околу 67 милиони години.
- Никогаш не знаеш што можеш да откриеш во оваа област. Има секакви карпи, растенија и диви животни - вели таткото Сем.
Кога наишле на коската, децата прво мислеле дека е коска од хадросаурус, но по копањето наредната година, откриле дека станува збор за нешто поневеројатно.
Експертите проценуваат дека диносаурусот бил на возраст од 13 до 15 години кога умрел и веројатно тежел околу 1.587,57 килограми.
Музејот проценува дека за фосилот на ти-рекс ќе треба околу една година за целосно ископување. Досега се пронајдени нога, колк, карлица, опашка и дел од черепот.
Извор:
The Guardian
Фото: Kirk Johnson