Дали некогаш сте се запрашале дали постои некој во светот кој изгледа исто како вас?
Сега можете да дознаете дали постои ваква личност преку страната
„I look like you“. На оваа страна можете да ги пронајдете вашите двојници и да дознаете каде живеат.
Потребно е само да поставите ваша фотографија на страната, а програмата ќе ви ја покаже локацијата и корисничкото име на двојникот, како и процент кој покажува колку вашиот изглед е сличен на неговиот.
Она што е најдобро од се' е дека вашиот изглед можете на ист начин да го споредите и со некоја позната личност.
Целата идеја потекнува од програмите на безбедносните служби кои ја користат техниката на препознавање на лица за полесно и побрзо да ги пронајдат криминалците и другите злосторници.