Статусот на Охрид во УНЕСКО денеска ќе биде на дневен ред, односно ќе се гласа дали Охрид ќе излезе од листата со културно наследство и ќе биде впишан во листата со загрозено наследство. Денеска попладне се очекува и официјален став на Владата за што понатаму во однос на ова прашање.
Министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, кој ја предводи владината делегација на 43. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, пред два дена побара дополнителен рок до февруари 2020 година, до кога Охрид и државата ќе ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, со што Охридскиот Регион засега нема да се најде на листата со загрозени подрачја.
Меѓу првите барања испорачани од УНЕСКО беше да се прогласи мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на Охридското Езеро.
фото: Стојан Стојановски