X
 05.07.2020 Живот

Аеродром организира лажни патувања за време на пандемијата

Ви недостига патувањето за време на пандемијата? Еден аеродром во Тајван го има решението - лажно патување на кое се чекирате, поминувате низ пасошка контрола, па дури и влегувате во авион, но никогаш не полетувате.


Аеродромот „Сонгшан“ во Тајпеј почнал да им нуди на граѓаните можност да го направат токму ова. Се пријавиле околу 7.000 луѓе, но биле одбрани само 60 среќници. Во следните недели ќе се организираат уште вакви лажни патувања.


Фото: Аеродром „Сонгшан“/Wikipedia

Патниците добиваат авионски билет и поминуваат низ безбедносна и пасошка контрола пред да влезат во авион на најголемата авионска агенција во Тајван, „Чајна ерлајнс“. Екипажот ги пречекува патниците и ги поздравува.

Аеродромот го користи настанот за да го покаже својот реновиран изглед и да им покаже на вистинските патници кои мерки против коронавирусот ги презема. Од овој аеродром најчесто се лета до Токио, Сеул и до повеќе кинески градови, а тој претставува и важен локален центар.


Фото: Pixabay

Во Тајван немаше многу заразени со коронавирус бидејќи властите презедоа ефективни мерки за спречување на ширењето на вирусот од почетокот.

Бројот на патници во земјата паднал за 64% во првите пет месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Меѓутоа, патувањето во границите на земјата расте. Двете авионски агенции што нудат летови во Тајван имаат зголемен број патници.

Автор: Ан Венг
Извор: reuters.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот