X
 29.10.2019 Забава

Во најубавиот европски воз патниците забораваат на телефоните и социјалните мрежи

Темните планински стрмнини прошарани со бели траги од снег воодушевуваат додека ги гледате низ панорамските прозорци на „Глечер експрес“. Возењето со најлуксузниот воз во Европа трае осум часа, а појдовната точка е Цермат, додека крајната - Сент Мориц. Оние што имале среќа да се возат со овој воз велат дека доживувањето е како патување низ времето во кое сите грижи од секојдневниот живот одеднаш не постојат.

Уште во 9 часот изутрина, веднаш по влегувањето во возот, кондуктерот ги прашува патниците дали сакаат вода или шампањ. Седиштата во купето може да се наместат и се исклучително удобни, а патниците добиваат ајпади кои ја прикажуваат маршрутата и централната точка на трасата, а со тоа одат и слушалки поради аудиозаписот од виртуелниот туристички водич.


На 8-часовното патување се минува низ 91 тунел и се минува преку 291 мост, а преку прозорците може да се видат заледени езера.

За ручек келнерите, покрај веќе споменатиот шампањ, служат и тартар бифтек и палета швајцарски сирења и тоа додека патниците ги гледаат бајковитите швајцарски села, кои како да испаднале од бајка.


Возот врти како змија низ планините пред да се најде на вијадуктот Ландвасер, кој се издига 65 метри над долината, а потоа влегува во уште еден како да ја пробива огромната карпа. За ужина се служи димена пастрмка и салата од цвекло со одлично бело вино.

View this post on Instagram

We say good nite till December 9 #windowtothealps 📸 @wir_res - The light trail of a train crossing the Landwasserviadukt, a UNESCO world heritage. The perfect autumn mood and in the back you can spot the Milky Way! Now I know why this is one of the most popular places for photographers in Switzerland! #landwasserviadukt #graubünden #railways_of_our_world #railway #unescoworldheritage #trainstagram #lighttrails #getoutside #longexposure_shots #eartpix #inlovewithswitzerland #beautifuldestination #ig_landscape #nightphotography #milkywaychasers #astrophotography #ig_shotz #myswitzerland #canonswitzerland #nature_good #autumncolours #glacierexpresd #ig_photooftheday #gameoftones #landscape_lovers #travelovers

A post shared by Glacier Express 🇨🇭 (@glacierexpress.ch) on


Патниците некогаш можеле да одбираат меѓу прва и втора класа, а неодамна се воведени нови 20 седишта „екселенс“ класа, која опфаќа шест првокласни оброци. Ретко на кој во возот му паѓа на памет да погледне во телефонот, а доминира чувството дека сте во временска капсула.


Патувањето од Сент Мориц до Цермат во еден правец во екселенс-класа чини околу 500 евра.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава