Оваа загатка е интересна и лесно можеме да ја поврземе со нашето секојдневие бидејќи речиси и не постои човек кој нема загубено чорап при перење.
Прочитајте ја и обидете се да најдете решение.
Еден човек купува само бели и црни чорапи и ги чува сите во една фиока. Тој губи еден чорап при перењето. Сега ако случајно земете две чорапи, тие во 50 отсто од случаите ќе бидат со иста боја. Човекот поседува повеќе од 200, но помалку од 250 чорапи и има повеќе црни отколку бели чорапи. Колку црни, а колку бели чорапи има тој? Каква е бојата на загубениот чорап?
Погледнете го видеото за да видите како да ја решите загатката или прочитајте го решението подолу.
Вкупниот број на чорапи е 225, а 105 се бели и 120 црни. Загубениот
чорап е бел.