Оваа загатка, меѓу останатото, се користела за подготовка на известувачите во поранешната СССР. Во поранешниот Советски сојуз, студентите освен приемент испит, морале да решаваат и вакви загатки. Кандидатите за работа во КГБ, исто така, ги проверувале на овој начин. Обидете се да ја решите.
Погледнете ја сликата и одговорете на следните прашања.
Прашања
1. Дали овие луѓе кампувале многу пати?
2. Знаат ли овие луѓе добро да водат домаќинство?
3. Дали на реката може да се плови?
4. Дали алиштата ќе се сушат уште долго?
5. Дали сончогледот уште ќе расте?
6. Колку е далеку од градот овој камп?
7. Во кој град лета авионот?
Одговори
1. Очигледно кампуваат од неодамна: искусните кампери нема да го постават шаторот во долина.
2. Најверојатно и не баш. Рибата не се чисти од главата, копчето не треба да се шие со предолг конец, а дрвото не се цепи така.
3. Може да се плови. Тоа се гледа на навигациските знаци на брегот.
4. Нема. Има ветер.
5. Сончогледот е очигледно скршен и ставен во земја, со оглед на тоа што цветот не му е свртен кон сонцето.
6. Не повеќе од 100 километри, на поголема оддалеченост ТВ-антената би била посложена.
7. Во ниту еден. Тоа е авион за земјоделски работи.