X
 05.08.2019 Живот

Дали е поштетно да седите на работа или на каучот дома?

Ново истражување на американските научници покажа дека сите облици на седење немаат еднакво штетен ефект врз здравјето на срцето и уочиле разлика меѓу седењето додека сме на работа и извршуваме канцелариска работа и додека се одмараме на каучот пред телевизорот.

Одамна знаеме дека седентарниот начин на живот, а тоа е кога седиме со часови, малку се движиме и не вежбаме, многу лошо влијае врз здравјето на поединците, особено врз здравјето на срцето и крвните садови.

Дури и научниците биле изненадени кога откриле дека времето што некој го поминува седејќи на каучот дома и гледајќи телевизија е поврзано со поголем ризик од развој на срцеви заболувања отколку седењето на работа.

- Нашите резултати укажуваат на тоа дека начинот на кој се троши време надвор од работата е исклучително важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем - објаснува главниот истражувач, д-р Кит Дијаз од Универзитетот во Колумбија.

Научниците анализирале податоци собрани во текот на осум и пол години од 3.592 учесници. Податоците вклучувале информации за тоа колку време учесниците поминале седејќи на работа и колку време поминале гледајќи телевизија во споредба со вежбањето во нивното слободно време.

Дијаз и неговите колеги откриле дека сите оние што одговориле дека секојдневно поминуваат четири или повеќе часа пред телевизор имале ризик од развивање кардиоваскуларни болести и предвремена смрт за 50 отсто поголем во споредба со лицата што пред телевизор поминуваат два часа или помалку.

Ни на научниците не им е целосно јасно дека седентарниот начин на живот во слободното време е потенцијално поштетен отколку седењето во канцеларија, но веруваат дека станува збор за долгото непрекинато седење.

- Повеќето луѓе имаат обичај долго да седат на каучот гледајќи телевизија и да не се движат. На работа, сепак, повремено стануваме - вели д-р Дијаз.

Истовремено, повеќето од нас во слободното време додека седиме и гледаме телевизија имаме тенденција да јадеме грицки, преработена и брза храна и да консумираме засладени и газирани пијалаци.

Другото можно објаснување може да биде времето за одмор и седење во слободното време.

- Ако сте навикнати секој ден да гледате телевизија повеќе од четири часа, требa два до три пати неделно интензивно да вежбате. Вкупно тоа се 150 минути. Дури и ако имате работа што едноставно бара долги периоди на седење, по работата немојте да лежите на каучот пред телевизорот, туку вежбајте. Тоа значајно ќе го намали ризикот од развојот на срцеви заболувања и прерана смрт - додава Дијаз.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот