„Ејч-би-о“ објави нов трејлер за серијата „Хари Потер“, давајќи увид во новата верзија на приказната за Хари Потер.
Дебитантот Доминик Меклафлин го глуми Хари Потер, 11-годишниот волшебник кој претходно го глумеше Даниел Редклиф. Аластер Стаут и Арабела Стентон ги играат неговите најдобри пријатели, Рон Визли и Хермиона Грејнџер, додека учат во магичното училиште Хогвортс.
Трејлерот ги прикажува Хари, Рон и Хермиона како пристигнуваат во Хогвортс и минуваат низ церемонијата на распоредување, за време на која сите тројца се сместени во Грифиндор. Хари се запознава со персоналот на Хогвортс, вклучувајќи ги Дамблдор, Снејп, Мекгонагал и Хагрид, додека посетува часови по магија, како хербологија и напивки, и се испробува во високолетачкиот спорт квидич. Тука е и мистеријата за Каменот на мудроста, која ја истражуваат Хари, Рон и Хермиона. Тие се соочуваат со озлогласениот планински трол во бањата во Хогвортс, играат напната партија шах и ги испробуваат Плаштот на невидливоста и Огледалото Ерисед.
Новата серија претставува огромен подвиг за „Ејч-би-о“, кој ги адаптира сите 7 книги на авторката Џ. К. Роулинг во 7 телевизиски сезони. Првата сезона, која ќе има 8 епизоди, го обработува „Каменот на мудроста“ и треба да биде објавена за католички Божиќ. Серијата во мај веќе доби зелено светло и за втората сезона, која ќе ја следи дејноста на „Комората на тајните“.
Фото: Screenshot/YouTube