X
 03.10.2019 Култура

Завршниот дел на рускиот филм за Чернобил снимен на хрватска плажа

Завршниот дел од филмот „Кога паѓале штрковите“ на режисерот и актер Данила Козловскиј е руски филм што ја раскажува приказната за нуклеарната централа „Чернобил“. Дел од филмот е снимен во Хрватска, на локациите на општината Мошченичка Драга и плажата Убока.

Филмот е во соработка со хрватската продуцентска компанија „Авантура“, во соработка со руските продуценти „Нон-стоп продуктиона“, едно од водечките студија на рускиот филмски пазар. Студиото има продуцирано и многу филмови наградувани на престижните фестивали, како „Беанполе“ на Кантемир Балагов и „Без љубов“ на Андреј Звјагинцев. Има работено и на многу реномирани руски филмови од минатата деценија, вклучувајќи ги хитовите „Деветтата чета“, „Населен остров“ и „Сталинград“ на Федор Бондарчук, најпрофитабилниот руски филм на деценијата и првиот руски филм во „IMAX 3D“, кој во странство заработил повеќе од 70 милиони долари.

Премиерата на филмот „Кога штрковите паѓале“ ќе биде во Русија на 8 октомври 2020 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура