X
 23.04.2019 Живот

Филмски локации од „Игра на троновите“ што може да ги посетите

„Игра на троновите“ е една од најдобрите серии во историјата на телевизијата. Во голем дел заслугите за успехот се поради снимањето на вистински локации. Ви нудиме поблизок поглед на местата на кои е снимена серијата, а кои можете да ги посетите и да ја почувствувате магијата.

Светот на Вестерос, земјата каде што се случува поголемиот дел од настаните во „Игра на троновите“, се чини како да ѝ припаѓа на средновековната ера. За адаптација на екранот, продуцентите на серијата избраа спектакуларни локации кои ја доловуваат атмосферата прикажана во книгата.

Исланд


Фото: © Stefania Barbier / Alamy Stock Photo


Една од најпопуларните дестинации за патување во светот - Исланд доживеа уште поголем бум на посетители благодарение на „Игра на троновите“. Со оглед на различниот терен на островот, од грубите црни песоци на југ, каде што дигитално е изграден Ѕидот, до ледените области на север, посетителите ќе се чувствуваат како да го посетуваат Вестерос. Спектакуларниот Торофос беше место над кое летаа змејовите, а пештерата Грјотаџа беше местото каде што Џон Сноу и дивјачката Игрит го имаа првиот интимен момент.

Северна Ирска


Фото: © Andia / Alamy Stock Photo

Голем дел од серијата се снима во наменски изведени студија во Белфаст. Некои од најпрепознатливите ентериери во серијата, како Винтерфел и Касл Блек, се сместени во огромни градби во градот, но нивните екстериери се испреплетени низ целата земја. Ејч-би-о најави планови да ги остави сетовите и да ги претвори во туристички атракции во 2020 година. Исто така, постојат голем број локации во серијата што ги опфаќаат природните убавини на Северна Ирска.

Шкотска


Фото:© Stefano Valerie / Alamy Stock Photo


Замокот Доун во Шкотска беше оригиналната локација за Винтерфел, домот на семејството Старк. Неприкажаната пилот-епизода ја прикажува познатата шкотска локација, но логистичките проблеми и недостигот на простор за студија ја натераа серијата да се пресели во Северна Ирска.

Шпанија


Фото: © Blanca Saenz de Castilllo / Alamy Stock Photo

„Игра на троновите“ е всушност насловот само на првата книга во епската колекција „Песна за оган и мраз“. Во поголемиот дел од серијата се користат локации каде што е студено, меѓутоа, се користат и топли места. Југот на Шпанија е местото каде што се снимале неколку епизоди, особено во подоцнежните сезони. Вистински ринг за борба со бикови во Севилја служеше како местото за борба во Мирин, а други локации што се користеле се Кордоба, Жирона и Касерес.

Мароко


Фото: © Dimitrios Papageorgiou / Culture Trip


„Атлас студиос“, најголемото светско студио за филм и телевизија, се наоѓа во Орзазате, во јужниот дел на Мароко. Планините Атлас лежат на едната страна, а на другата се наоѓаат километри пустина. Тука Денерис ја ослободи војската и тука нејзините змејови првпат исфрлија оган. Градовите Есауриа и Аит Бенхаду исто така се дел од патувањето на Денерис.

Малта


Фото: © Alexander Längauer / Stockimo / Alamy Stock Photo

Малта одигра голема улога во првата сезона на „Игра на троновите“. Градот Мдина беше прв искористен за Кингс Лендинг. За жал, туристите повеќе не можат да го видат прочуениот Азурски прозорец, кој служел како заднина за свадбената церемонија на Денерис и Дрого. Оваа спектакуларна карпеста формација пропадна во морето во 2017 година.

Хрватска


Фото: © David Bowman / Alamy Stock Photo

Од втората сезона, па наваму Кингс Лендинг одигра многу голема улога во серијата. Продуцентите пронајдоа постојан дом во Дубровник на брегот на Јадранското Море. Средновековните ѕидови на градот им одговараа на продуцентите бидејќи се совпаѓале со многу описи од оригиналниот текст. Една од најпознатите сцени во историјата на телевизијата, „Прошетката на срамот“, била снимена од најгорниот дел на скалите во Стариот град. И зеленилото на Локрум, остров недалеку од старото пристаниште во Дубровник, било искористено за потребите на серијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот