X
 05.10.2021 Технологија

Иднината станува реалност - А1 Македонија започнува финално тестирање на 5Г-мрежа

А1 Македонија со задоволство ја информира јавноста дека постави 5Г-мрежа во центарот на Скопје за финално тестирање, со што компанијата со најголем број корисници на мобилна телефонија и најбрз мобилен интернет е чекор поблиску до комерцијално воведување на 5G технологијата за сите корисници.

- Поставувањето на тестната 5Г-мрежа е уште еден доказ за нашата посветеност и стратешката определба за креирање и воведување најсовремени дигитални решенија, кои овозможуваат нови и напредни дигитални искуства на корисниците. Ова е само почеток на новата индустриска револуција, а 5Г е горивото на кое таа работи. Продолжуваме понатаму со интензивни активности за што побрза имплементација на оваа технологија за комерцијална употреба - изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Новата 5Г-мрежа ќе овозможи поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност во преносот на податоци за кои корисниците веќе и сега имаат реална потреба. Со ова финално тестирање достигната е брзина од 1 Gbps за пренос на податоци, реализирано на мобилен телефон кој поддржува 5Г-мрежа.

За потсетување, A1 Македонија, кон крајот на 2019 година успешно ја заврши првата фаза на тестирање на 5Г-технологијата во лабораториски услови. Тестовите беа направени со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина и ги потврдија очекувањата и можностите на 5Г-технологијата во насока на остварување огромни брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија.

Новата генерација технологии, 5Г, е веќе воведена во компаниите членки на А1 Телеком Групацијата и тоа во Австрија, Хрватска и во Бугарија.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија