Сè уште не сме ја имплементирале 5Г-технологијата, а Кина веќе е чекор напред со уште понапредна технологија. Оваа азиска земја минатата недела успешно го лансира во орбитата, како што наведе, „првиот 6Г-сателит“.
Целта на лансирањето е да се тестира технологијата. Пионерскиот сателит беше испратен во вселената со 12 други сателити од Центарот за лансирање сателити во Таијуан, во покраината Шанси.
Сателитот е именуван по Универзитетот за електроника и технологија во Кина и ќе служи за тестирање на перформансите на фреквенцискиот опсег во вселената. Се очекува 6Г да биде повеќе од сто пати побрза од 5Г, која веќе се очекува да биде ултрабрза.
Причината за тоа е користењето на високофреквентни терахерц бранови за да достигне импресивни брзини за трансмисија на податоци.
Опасност за луѓето?
Засега нема гаранции дека технологијата што се испробува ќе стане стандардна. Веќе постојат стравувања дека 5Г може да биде опасна за луѓето, па можеме слободно да претпоставиме дека тие стравови ќе постојат и во врска со 6Г-технологијата.
Повеќе од 215 научници од 40 различни земји се жалеа во Федералната комисија за комуникации и бараа од ова тело да ги разгледа здравствените ризици и еколошките проблеми пред да ја распореди 5Г-инфраструктурата. Можеме да претпоставиме дека слични грижи ќе има и за 6Г.
Извор и насловна фотографија:
Interesting Engineering