X
 05.10.2022 Технологија

Хрватска фирма доби „Еми“ за достигнување во телевизиската технологија

Хрватската фирма „Стајп“ (stYpe) е добитник на овогодишната телевизиска награда „Еми“ за својата технологија за оптичко следење и проширена реалност во телевизиските преноси.

Телевизиските преноси со посебни додатоци во проширената реалност, какви што се користени и на „Супер боул“, се дело на хрватската фирма „Стајп“ со седиште во Загреб. Тие се добитници на награда „Еми“ за својата работа за оптичко следење на објекти, како и системите кои овозможуваат употреба на опрема за работа на виртуелна продукција, но и алатка која се користи за пресметување на позицијата на камерата.

Фирмата ја доби наградата во категоријата инженерство, наука и технологија во телевизиска примена, за посебни достигнувања во телевизиската технологија.



Оваа фирма има над 100 вработени во Загреб, а има канцеларии од САД до Индија. Основачите го почнале својот пат со идеја за создавање уреди за кран-камерите, а денес се занимаваат со многу понапредни работи.

- На крај, тој уред беше мојот дипломски труд, што всушност поттикна мала револуција не само за нас, туку и во светот бидејќи значајно го популаризира значењето на проширената реалност во телевизиските студија - изјавил Стјепан Чајиќ, сопственик на фирмата.

Извор: Bug
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија