Бројните предности во кои уживаат програмерите, како што е одличната заработка, можноста за заработка од дома или можноста секогаш да пронајдат нова работа, претставува нешто поради кое многу луѓе завидуваат.
Сепак, и покрај тоа, повеќето луѓе кои мечтаат за споменатите бенефиции често имаат двоумица дали да се впуштат во авантурата наречена програмирање. Основната причина за ваквата неодлучност пред се' се крие во стереотипот дека учењето програмски јазици е тешко и дека оваа област не може да ја работи секој човек. Но, реалната слика за програмирањето е целосно различна.
Сите можат да програмираат
Времињата во кои беше неопходно одличното познавање на математиката за да програмирате одамна е позади нас. Современите програмски јазици денес се значително подостапни и поедноставни за учење и работа. Интернетот и софтверот за учење на далечина дополнително го олеснија процесот на усвојување на програмско знаење такашто почетниците сега имаат можност да совладаат програмски јазик од било кое место со интернет поврзување. Сепак, и покрај тоа, учењето под надзор на врвни експерти кои имаат искуство во пренесувањето на знаењето и понатаму е еден од најефикасните начини за успешен пат кон ИТ врвот.
Чекор по чекор
Првата средба на почетникот со програмерскиот код може да делува обесхрабрувачки. Но, после неколку недели учење според најсовремените ИТ програми, ситуацијата ќе биде целосно различна. Во овој период ќе стекнете основно знаење кое ќе ви помогне да сфатите како функционираат кодовите и ќе бидете подготвени дури и самостојно да создавате некои од најновите едноставни верзии. Како што времето на усовршување ќе одминува, така се' повеќе ќе ги развивате постоечките вештини и ќе усвојувате ново знаење кое ќе ви овозможи да размислувате како компјутер, а токму тоа е првиот знак дека сте поминале половина пат кон целта.
Избор на програмски јазик
Едноставноста и леснотијата со која ќе станете успешен програмер зависи пред се' од тоа за кој програмски јазик ќе се одлучите. Доколку се определите за учење PHP, наједноставно ќе го стекнете потребното знаење кое ќе ви помогне да се занимавате со веб програмирање, со што ќе ви донесе заработка од повеќе од 600 евра, колку што изнесува просечната плата за почетници. Пишувањето на програми во C# јазикот исто така е прилично едноставно и во него ќе можете да програмирате за веб, да работите на развивање на игри и програми. Просечната заработка за C# изнесува околу 700 евра. Доколку сакате да создавате игри, апликации за десктоп и Аndroid уреди, тогаш програмскиот јазик Java ќе ви овозможи да ги реализирате вашите соништа. Со оглед на тоа што Java веќе неколку години е најбараниот програмски јазик на ИТ пазарот, не само што нема да чекате работно место, туку ќе имате можност вашата работа одлично да ја наплатите. Просечната заработка е 833 евра, а веќе после неколку години искуства, оваа цифра може значително да се зголеми.
Потребно време
Без оглед на тоа кој програмски јазик сакате да го совладате, со изучувањето според соодветна програма тоа можете да го реализирате веќе после година дена. Знаењето кое ќе го усвоите во тој период ќе ви отвори бројни можности за професионален успех во ИТ светот. Она што е најважно, со познавање на еден програмски јазик, усовршувањето на секој следен ќе ви биде полесно. Секој нов јазик кој ќе го научите, во голема мера ќе влијае на вашиот статус и заработка во дигиталниот свет. На вас останува да го направите она што многу успешни програмери веќе го направиле - да започнете со учење на програмски јазик.