Повеќето од нас знаат за поларната светлина позната како аурора бореалис, но дали знаете дека јужната хемисфера има свое природно светлосно шоу?
Фотографот Дан Зафра од „Кепчр д атлас“ отпатувал во Јужен Нов Зеланд каде што можел да ја фотографира аурора аустралис, позната и како јужна светлина. Иако овој феномен не е толку познат како аурора бореалис, јужната светлина има исто толку добар приказ.
Фотографирањето на јужната светлина е потешко.
- Реално, можете да ја фотографирате само во Јужен Нов Зеланд или Австралија - вели Дан, истакнувајќи дека тоа е можно и на Антарктикот. Но, бидејќи само научниците можат да престојуваат таму, таа локација не доаѓа предвид.
- Вториот предизвик е сончевата активност, потребно е силно шоу за да имате можност да ја видите. Третиот предизвик е локацијата. За разлика од северната светлина, која „танцува“ низ целото небо, аурора аустралис е ограничена на југ и пониско во хоризонтот, така што секоја локација блокирана од планини ќе ве спречи да ја видите - вели тој.
Фото:
Dan Zafra/Instagram