Пред електрониката на „Опортјунити“ да се изгаси во сенката на песочната бура на Марс, роверот за последен пат погледна наоколу и го зачува погледот за поколението.
Фотографијата претставува тажен завршеток на мисијата на роверот; детална панорама во која се претставени трагите од маратонот на роверот со поглед кон далечината.
На момент заборавете на науката и погледнете ја фотографијата.
Фото: Science Alert
Воопшто не беше предвидено „Опортјунити“ да функционира толку долго. Првично зацртаните 90 дена на крајот станаа 15 години тркалање по песокот на Марс и правење фотографии како турист.
Фотографијата во 360 степени е направена од последното почивалиште на роверот во мај минатата година. 29 дена „Опортјунити“ ја впиваше околината со серија од 354 фотографии пред да ги испрати до НАСА на составување.
Додека повеќето фотографии нудат глетка во боја од пејзажот, неколкуте црно-бели блокови на ќошињата биле направени со намалена енергија.
Нема сомнеж дека еден ден во иднина некој патник во вселената, без разлика дали ќе биде робот или човек, ќе се сретне со роверот и можеби ќе најде начин да го оживее. Дотогаш, фотографијата ќе влезе во историјата заедно со други познати
фотографии од истражување на вселената, служејќи ни како очи на некој друг свет.