X
 05.11.2020 Политика

Како гласаа младите Американци на претседателските избори?

Младите гласачи на возраст помеѓу 18 и 29 години на американските избори за претседател почесто гласале за кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, отколку за моменталниот претседател и кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп. Соодносот во гласањето изнесува 2:1 во корист на Бајден, покажува анализа на Центарот за истражувања за граѓанско учење и ангажман на Универзитетот „Туфтс“ во Масачусетс, која беше објавена од „Асошиејтед прес“.


Фото: Барак Обама и Џо Бајден/Pixabay

Од Универзитетот проценуваат дека Бајден го поддржале околу 62% од младите гласачи, според податоците од гласовите изброени досега. Од друга страна, Трамп ја има поддршката на 33% од младото население. Универзитетот наведува дека поддршката за Бајден е поголема од онаа што ја добила Хилари Клинтон на претседателските избори во 2016 година.

Анализата покажува и дека младите белци се поделени во поддршката на двајцата кандидати за претседател на овогодишните избори. Бајден ја има поголемата поддршка од младите бели жени, од кои 57% гласале за него. Трамп ја има поддршката од 39% од младите бели жени.


Фото: Доналд Трамп/Pixabay

Поддршката за Бајден е најголема помеѓу младите гласачи што не се бели. Младите Афроамериканци, Азијати и Латиноамериканци го поддржуваат Бајден со разлика од дури 54 процентни поени, додека белите гласачи помлади од 30 години го преферираат Бајден со разлика од 11 процентни поени (53% наспроти 42%).

Автор: Здравка Грунд
Извор: telegram.hr
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика