X
 10.01.2024 Политика

Кој е Габриел Атал, најмладиот премиер на Франција?

Габриел Атал е новиот премиер на Франција. Тој има 34 години и е најмлад француски премиер досега. Освен тоа, тој е првиот хомосексуалец што е на чело на владата.

Кој е Габриел Атал?

Во раните години од првиот претседателски мандат на Емануел Макрон, Атал бил младо образовано момче кое било одбрано да го советува и поддржува францускиот лидер. Тој се издвоил од групата со неговата подготвеност јавно да зборува за сите проблеми. Станал познат по неговите добри комуникациски вештини и способноста брзо да размислува.

Атал е син на Ив Атал, адвокат и филмски продуцент по потекло од Тунис, кој починал во 2015 г. Неговата мајка е Мари де Курис, која потекнува од православно семејство од Одеса. Габриел пораснал во Париз со неговите три помлади сестри.

Тој одел во приватното училиште „Екол Алсасиен“, каде што се запишуваат децата на многу познати родители. Подоцна добил магистерска диплома по односи со јавност.

Според негови пријатели, тој почнал да се интересира за политиката откако присуствувал на протест против Жан Мари Ле Пен кога десничарскиот лидер учествувал на избори против Жак Ширак во 2002 година. Тој станал дел од Социјалистичката партија во 2006 година.

Во 2012 година бил вработен во Министерството за здравство на возраст од само 23 години. Марисол Турен, која тогаш го водела министерството, била мајка на пријател на Габриел и го препознала неговиот потенцијал.

Во 2016 г. тој ја напуштил Социјалистичката партија за да стане дел од партијата на Макрон, ЛРЕМ. Оттогаш само напредувал и на 29-годишна возраст бил именуван за државен секретар во Министерството за образование, со што станал најмлад член на владата во модерна Франција. Тој имал повеќе улоги во партијата, како претседател, портпарол, а бил и министер за образование. Влегол во парламентот во јуни минатата година.

Приватно, тој е во врска со 38-годишниот Стефан Сежурне, кој е член на Европскиот парламент.

Во минатата деценија политичките ставови на Габриел се смениле од централно-левичарски кон централно-десничарски. Во 2018 година тој изјавил дека Франција треба да се ослободи од „културата на штрајкови“ и ги обвинил студентите кои протестирале против промени во образовниот систем дека се „себични боеми“.

Извор: The guardian
Насловна фотографија: Влада на Франција
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика