Експлозијата на нуклеарниот реактор во украинскиот град Чернобил не престанува да ја интригира јавноста 35 години по катастрофата. Неодамна објавени фотографии и видео покажуваат како изгледала нуклеарната централа во Чернобил, градот пред катастрофата и како изгледа сега.
„Хисторик фотографс“, страница на „Фејсбук“, неодамна објави фотографии од контролната соба во централата направени во деновите пред катастрофата и денес.
Научниците минатата есен снимиле видео од внатрешноста на реакторот 5, кој во моментот на катастрофата бил во изработка. Видеото било снимено со дрон.
Извор:
Klix
Фото: Facebook