X
 27.09.2020 Живот

Застрашувачки снимки од бомбите врз Хирошима и Нагасаки сега достапни во боја

- Не видовте ништо во Хирошима. Ништо! - вели Еиџи Окада на отворањето на претставата „Хирошима мон амур“ на Алејн Реснаис.

- Јас видов сè. Сè! - одговара Емануел Рива.

Филмот продолжува со прикажување на ефектите од американскиот напад со атомска бомба што го уништи градот пред речиси 15 години. Ова била првата снимка за многу гледачи на овој невиден чин на уништување. Досега имавме можност да видиме многу фотографии (и филмски клипови) од судбината на Хирошима и Нагасаки.

Јутјуберот познат како „Rick88888888“ сега нуди речиси половина час обоени снимки не само од самите експлозии, туку и од разурнатите јапонски градови и преживеаните, авионите што го извршиле бомбардирањето и претседателот на САД кој го нарача.

Како што знаеме, нападите биле плод на „Проектот Менхетн“, тајните напори за истражување и развој предводени од САД што ги создадоа првите нуклеарни оружја.

Во продолжение погледнете ги овие снимки во боја што нè потсетуваат дека ерата на потенцијално нуклеарно уништување не е во далечното минато, туку е поглавје во историјата кое само што почна.



Извор: Openculture.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот