На свеченото 71. доделување на наградите „Еми“ синоќа во Лос Анџелес за најдобра драма е прогласена ТВ-серијата „Игра на троновите“.
Наградата во категоријата комедија ја освои серијата „Fleabag” (Флибег). Најдобар глумец во комедија е Бил Хедер („Бери“), а најдобра глумица – Фиби Волер-Бриџ („Флибег“).
За најдобар глумец во жанрот драма е прогласен Били Портер („Поза“), а за најдобра глумица – Џоди Комер.
Најдобра минисерија е „Чернобил”.
Извор: МИА