Бертранд Керн, градоначалникот на Пантен (Pantin), мал град во близина на Париз, најави дека во 2023 година општината ќе биде преименувана во Пантин (Pantine).
Дополнителната буква на крајот од зборот можеби не значи многу, но на француски јазик таа покажува дека зборот е од женски род. А токму тоа е целта на промената. Менувањето на името на општината се прави во знак на поддршка за жените во општеството и за да се зголеми свеста за родовата нееднаквост.
- Додаваме „е“ на крајот од името на градот затоа што така сакаме луѓето да станат свесни за еднаквоста помеѓу жените и мажите. Жените и понатаму се платени помалку за нивната работа отколку мажите, одредени професии им се забранети, а нивното место во јавноста не секогаш е добро прифатено од мажите - изјавил Керн.
Градоначалникот го критикувал и насилството врз жените.
Сепак, промената на името ќе биде само симболична бидејќи нема да бидат сменети знаците на влезот од градот или во адресите бидејќи тоа бара големи административни процедури. Ќе биде сменето името само на плоштадот во градот.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија:
Pantin