Се повеќе жени раѓаат по 40-тата година од својот живот. Иако ова е симбол за многу позитивни социјални, економски и културни напредувања - жените фокусирани на кариерата можат да изберат да имаат деца подоцна во животот - се предупредува дека има и лоши страни.
На конференцијата на организацијата „Американско општество за репродуктивна медицина“ во Денвер, САД, лекарите предупредија дека се поголемиот број на постари мајки ќе резултира со деца кои нема да се способни да се справат со грижата за постарите и болежливи родители. Тие исто така се плашат дека децата нема да можат да се справат со смртта на нивните родители додека децата се се уште млади.
Во 2017 година, просечната возраст на жените кои родиле прв пат во Обединетото Кралство била 30,4 години, а просечната возраст и на мајките и на татковците и понатаму се зголемува, покажуваат податоците од тамошната Канцеларија за национална статистика.
Повеќе 2.200 Британки постари од 45 години родиле деца во 2016 година. Во 2001 година бројот на жените кои родиле на 45-годишна возраст бил 760. Во Обединетото Кралство нема граница на возраста на која жените може да побараат терапија за
плодност.