X
 06.02.2019 Живот

„Икеа“ почнува со радикална промена во работата

Шведскиот трговец со мебел „Икеа“ почнува со радикална промена во работата, која веќе нема да се базира само на продажба на мебел, туку и на негово изнајмување.

Како што пишуваат западните медиуми, компанијата уште од овој месец би можела да почне со изнајмување мебел, а тестирањето ќе биде на швајцарскиот пазар.

Од „Икеа“ наведуваат дека можноста за изнајмување ќе се однесува на различни видови мебел, но на почетокот ќе се нуди исклучително канцелариски мебел.

- Ќе соработуваме со партнери за да можеме да го изнајмуваме мебелот. Кога ќе истече времето, можете да го вратите мебелот и да изнајмите нешто друго - истакна Торбјорн Лооф, извршен директор на компанијата „Интер Икеа“, која го поседува брендот „Икеа“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот