X
 25.12.2016 Образование

Студенти за кои се грабаат најуспешните компании во светот

Швајцарска групација за образованние Swiss Education Group: Студенти за кои се грабаат науспешните компании во светот

За инат на нeверниците, таква школа навистина постои и тоа на само на 1. 800 километри од Скопје, и за околу 17.000 франци ( околу 20.000 евра) семестар, во градчето Монтро, а го нуди најпрестжната Швајцарска групација за образованние Swiss Education Group (СЕГ ).

Двапати годишно организира Интернационален саем за вработување - International Recruitment Forum, каде ги носат претставниците на најголемите светски компании кои им нудат работа на студентите од областа на хотелиерството, воздухопловство, угостителство, банкарство, дизајн...



Монтро во пошироката јавност е познат по џез фестивалот, место каде животот го поминале Фреди Меркјури каде и сеуште се наоѓа неговото музичко студио, Чарли Чаплин , писателот Набoков, Лејди Гага, Тина Тарнер, Џоџ Клуни. Поголемиот дел од факултетите се наоѓаат токму во Монтро и околината меѓутоа некои кампуси се наоѓаат и во романтичните градови Бриг и Неошател, каде се наоѓа еден од најоргиналните европски факултети за хотелиерски дизајн и уредување.

Годишнта школарина чини околу 20.000 евра, а вклучува најквалитетно образование, неверојатно елоквентни професори, предавачи, персонал, технологија, оброци, советници, престој...

Најверојатно не постои родител кој не би сакал неговото дете да дипломира на факултет, по кој веднаш ќе ја добие работата од соништата, додека најголемите менаџери на светот ќе се грабаат околу него со неверојатни понуди за плата од соништата, канцеларија со поглед и се што носи еден ваков сон. Само за инат на неверниците, таква школа навистина постои и тоа на само 1. 800 километри од Скопје, и за околу 17.000 франци (околу 20.000 евра) семестар, во градчето Монтро, а го нуди најпрестижната Швајцарска групација за образованние Swiss Education Group (СЕГ ).

Оваа групација има неколку факултети за хотелиерство, кулинарство, дизајн и менаџмент, а студентите се сместени во замоци или во објекти како на пример во Цезар Ритз.

Без разлика од каде доаѓа студентот или како се презива и што работат неговите родители, на факултетот сите студенти се еднакви, во униформи.

Една од тајните на успешноста на оваа едукативна групација е праксата. Секој студент, своето школување го почнува со пракса, а за своите студенти два пати годишно оваа групација организира Интернационален саем за вработување - International Recruitment Forum, каде ги носат претставниците на најголемите светски компании кои им нудат работа на студентите од областа на хотелиерството, воздухопловство, угостителство, банкарство, дизајн...



Сите студенти, во ред со својата биографија и мотивациско писмо, поминуваат кусо интервју, од нога, со работодавци од целиот свет, од најпрестижните хотелски ресорти, ресторани па и Дизниленд. Тој што ќе остави насилен впечаток, остава резервирано место за вработување или летна пракса.

На саемот дефилираат повеќе од 2.000 студенти во потрага за пракса или работа.

На годишниот саем кои се одржа минатиот месец, СЕГ почести повеќе од 100 претставници на компании од целот свет. На студентте им се нудат најдобри вработувања, а по селекцијата, фирмите за која сакаат да работат и аплицирале студентите чекаат интервју сo челниците компаните.

За време на саемот во огроманата хала на ИРФ, затекнавме неколику студенати од разни земји. Со изненадување воочивме дека најголем број од учениците се од азиските земји. Имено, околу 70 отсто од студентите на СЕГ доаѓа од тие земји. Преставици од Swiss Education Group велат дека секој студент освен личниот, го представуваат и нивниот успех, квалитет и вредности.

Дури 60 отсто од студентите од овие факултети најмалку 10 години се занимаваат со работата која ја научиле во Швајцарија.

СЕГ се наоѓа во градчето Монтро, мало, специфично градиче на брегот на Женевското езеро, место каде се собрира светскиот џет сет особено од музиката .

Тоа е единственото место на светот каде снегот на врвовите од Алпите, може да се види под сенките на палмите кои растат на брегот на Женевското езеро.

Сега е јасно зошто токму таму се обучуваат најдобрите кадри во хотелиерството, кулинарство и туризам.

Монтро во пошироката јавнос е познат по џез фестивалот, место каде животот си го поминале Фреди Меркјури и сеуште се наоѓа неговото музичко студиот, Чарли Чаплин, писателот Набоков, Лејди Гага, Тина Тарнер , Џоџ Клуни.



Поголемиот дел од факултетите се наоѓаат токму во Монтро, но и околината, некои кампуси се во романтичните градови Бриг и Неошател, каде се наоѓа еден од најоргиналните факултети за хотелиерски дизај и уредување.

Годишната школарина чини околу 30.000 евра, а вклучува најквалитетно образование, неверојатно елоквентни професори, предавачи, персонал, технологија, оброци, советници, престој...

Специфичност на факултетите на СЕГ е во начинот на кој студентите ги совладуваат тајните од овие области , а тоа значи дека веќе од првата недела на школувањето тие низ пракса се подготвуваат за врвна кариера.

Една од школите која воедно е и Универзитетски центар, се наоѓа над градот Монтро на висина од околу 1.600 метри надморска висина, објект граден во 1900 година. Тоа е всушност оргомен замок , кој студентите на шега го викаат замокот на Хари Потер. Но не без причина. Огромно здание, кое доминира над градот и езерото, кое под неговата сенка изгледа како коцка чоколада.

На почеткот замокот бил палата направена со намена за престижен хотел за одмор кралските семејства и најбогатите фамилии. Швајцаските училишта за хотелиерство и менаџмент Swiss Education Group (СЕГ ) годишно примаат околу 1.600 студенати, а зградата во која се наоѓа се вика „Кау Палата“ има голем историско значење за Монтро и Швајцарија .

Таа е една од настариите и најубавите зданија на овој крај што представува исклучителна чест на луѓето од СЕГ, бидејќи ја корстат само за себе. Кој не би учел таму ?

На огромната тераса на оваа палата со сигурност се простира и наубавиот поглед на Женевското езеро и панорамата на градот што го чини посебен во однос на другите школи.

Покрај безбројните сали за прием на гостите, голем впечаток остава амфитетарот кој потестува на средновековен театар. Амфитеатарот е место каде се одржуваат презентации, представи и свечени доделувања на дипломите.

Во центарот на Монтро се наоѓа вториот училишен објект „Хотелскиот Институт Монтро“, кој има капациет од 550 студенети. Во него ги подготвуваат студентите ги подготвуваат и учат како да бидат менаџери кон светските стандарди.

Принципот на живеење и студирање е ист на сите факултети. Студентите ги имаат сите оброци, своја соба, простории за одмор, дневен престој, учење. Со обзир на тоа дека се работи за школи за хотелиерство направена е по принципт на хотел . Постојат стандардни еднокреветни и двокреветни соби, меѓутоа собите со поглед езеро се наменети за посебни студенти , се разбира чии родители ќе платат повеќе.



Ова школа нуди три семестри и се учи на четири светски језици. Во прва година се форсираат германски и француски, додека совршеното познавање на англискот е императив. Во повисоките години од студирањето се учи и на шпански и на мандарински јазик. СЕГ веќе неколку години соработува со Епл (Apple), па сите студенти уште првата недела од студиите на подарок добиваат таблет на кој се наоѓа цела литература потребна за школовање.

Трета школа е Цезар Ритз, а се наоѓа во градот Ле Бувереу. Кампус во чии состав на кој се наоѓа школа за хотелиерство и Академија за кулинарство.

Се што студентите учат тука, но и во другите школи всушност го правел Цезар Ритз, најпознатиот и најуспешниот хотелиер на сите времиња.

Оваа школа има своја дискотека и е наменета за студенти кои ја користат во петок и сабота, а е направена по угледот на најдобрите доскотеки на светот.

Кампусот Цезар Ритз има две згради во која има чешми од кои се пие една од најпознатите и најквалитетни светски води „Евиан“. Изворот се наоѓа во планините недалеку од Ле Бувере, а половина и припаѓа на Швајцарија , а другата во Франција. Луѓе кои го препознале квалитетот на швајцаските школи, на студентите штом ќе дипломираат, загарантирано им нудат работа и велат само небото е граница на нивните успеси во кариерата.

Студентката Мишел Занг, вели дека го одбрала токму СЕГ за своја школа, оти освен квалитетно образование имаа и многу можности за супер вработување. Таа има желба да работи за азиската групација на хотели „Мандарин Ориентал“.

- Искрено се надевам дека ќе успеам да добијам работа. Сакам да работам за својата земја и на тој начин да ја продолжам неговата традиција и култура. Затоа за да работатам во како менаџер во „Мандарин Ориентал“ е совршена прилика, вели оваа млада девојка.

Покрај големиот број на азијати, има и неколку студенти од Русија и Белорусија, кои после студиите исто така сакаат да се варатат во својата земја за да работат во престижни хотелски групации.

Покрај студентите имавме можност да разговараме и со некои представници на компании.

Синтија Г. директорка во Дизни машинеријата , вели дека овие школи се најквалитетните во светот.

- Иако дојдовме од далеку, нашето патување вреди бидејќи знаеме дека ќе пронајдеме квалитетни и способни луѓе, изјави Синтија. Како и да е, овие студенти се амбасадори на овие школи, затоа и многу се вложува во нив.

Швајцарската групација за образованите настала 80 -те години на минатиот век. Ја создале со цел да стане еден од лидерите во областа на хотелиерството, дизајнот, менаџмент и кулинарство во што очигледно и усшеала. Денес СЕГ има пет школи и околу 5.000 студенати кој доаѓаат од повеќе од 80 различити нации и речиси од сите земји од светот. Меѓу нив и две студентки од Македонија, едната годинава ќе дипломира, а другата е бруцош

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование