X
 10.02.2019 Технологија

Швајцарската влада ќе ги награди хакерите што ќе влезат во нејзиниот електронски систем за гласање

Швајцарската влада им постави предизвик на хакерите - ќе даде вкупно 131.000 евра доколку успеат да ја пробијат новата генерација на електронски гласачки систем.

Сојузната канцеларија објави дека изборите ќе се одржуваат од 25 февруари до 24 март, а овој предизвик е за сите што сакаат да ги покажат и да ги докажат своите онлајн-таленти во пиратерија и хакирање. Доколку сакате да учествувате, ТУКА можете да го направите тоа.

Именуван е како „Е-Voting Public Intrusion Test“, а хакерите имаат време до 25 февруари да се регистрираат за проектот. Владата нуди различни суми за различни задачи.

hakeri
Фото: Frank-Peters/Depositphotos


Најголемата награда изнесува 43.000 евра и ќе ја добие оној што ќе успее да изманипулира со бројот на гласови без да биде откриен, притоа и читајќи ги гласовите, нарушувајќи ја тајноста на гласањето и заобиколувајќи ги безбедносните системи.

Доколку учесниците пронајдат начин за манипулирање со поединечни гласови, а притоа да не бидат откриени од безбедносните ревизори, тие ќе бидат наградени со 26.000 до 43.000 евра.

Други детекции на манипулација на гласачите и упад врз приватноста на гласачот ќе бидат наградени со помали трошоци - износот на исплата ќе зависи од нивото на упад постигнато од хакерот.

Швајцарските власти се надеваат дека оваа вежба ќе им помогне да се осигури и да се подобри безбедноста на новата генерација електронски систем за гласање.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија