Најголемото 2Д-студио за анимации во регионот - „
Линкс студио“ стана партнер на „Еф-Три“ во меѓународната промоција на проектот
„Светот на Биби“. Приказната за Биби и Боби ќе добие можност да ги напушти границите на нашата земја и да биде презентирана на саеми наменети за производи со детска видеосодржина. Еден таков саем е и
Kidscreen Summit 2019 кој се одржува во Мајами, Флорида.
- Соработката со компанија како „
Линкс студио“ за тимот на Факултети.мк и Деца.мк е повеќе од важна. Проектот „Светот на Биби“ е наше пионерско дело, во кое вложуваме многу љубов и ентузијазам мечтаејќи дека ќе успееме да допреме до што повеќе деца и нивните родители. Во изминатите три месеци нè мотивираат позитивните пораки што ги добиваме од родители, но и од наставници и стручни лица - дека сме го избрале вистинскиот пат со проектот. Токму затоа, можноста преку соработката со успешната компанија за 2Д-анимации да стигнеме и подалеку од границите на нашата земја ни дава нов елан и потстрек за работа – вели Марјан Алексовски, директор на „Еф-Три“, компанијата во чија сопственост се порталите Факултети.мк, Деца.мк и проектот „Светот на Биби“.
Биби веќе инспирира и радува илјадници деца во Македонија и пошироко. Ние, во „
Линкс студио“, кое е најголемото 2Д-студио за анимации во регионот, сакавме да учествуваме во овој проект и да помогнеме да порасне на интернационално ниво, вели Сарита Кастиљо, еден од основачите на компанијата.
- Особено сме возбудени што станавме партнери со „Еф-Три“. Веруваме дека овој вид оригинални интелектуални производи се одлична основа за Македонија меѓународно да го прошири своето културно влијание и да инспирира и други да го прават тоа - вели Кастиљо.