X
 06.03.2019 Економија

Листа со најбогатите држави на светот, еве на кое место е Македонија

Од околу 200 земји во светот, некои секоја година имаат приходи вредни милијарди или билиони, а „Фортјун“ состави листа со 15 најбогати земји на светот. Листата се темели на податоци на ММФ за бруто-домашниот производ на државите на жител според паритетот на куповната моќ.

Катар е на првото место на листата со БДП од 128.487 долари на жител, а земјата има околу 2,27 милиона жители. На второто место е Луксембург со БДП на жител од 109.199 долари, додека третото место го зазеде Сингапур со 98.255 долари.

Македонија се најде на 88. место на листата со БДП на жител од 15.523 долари.

Од земјите во регионот, лидер е Словенија, која со БДП од 36.826 долари се најде на 41. место. Грција е на 54. место до БДП од 29.112 долари, Турција е на 57. место со 28.270 долари, Хрватска е на 61. место со БДП од 26.216 долари, Бугарија се најде на 66. место со БДП од 23.207 долари, Црна Гора го зазеде 76. место со 18.862 долари БДП на жител, а Србија 85. со 16.090 долари БДП на жител.

Единствени земји од регионот што се полошо рангирани од нашата се Босна и Херцеговина, која со БДП на жител од 13.513 долари се најде на 96. место, и Албанија, која е на 100. место со БДП од 13.330 долари.

Ова, пак, се најбогатите земји во светот:

1. Катар - 128.487 долари;

2. Луксембург - 109.199 долари;

3. Сингапур - 98.255 долари;

4. Брунеј - 81.612 долари;

5. Ирска - 77.670 долари;

6. Норвешка - 74.318 долари;

7. Обединети Арапски Емирати - 70.262 долари;

8. Кувајт - 66.982 долари;

9. Швајцарија - 64.982 долари;

10. Хонгконг - 64.794 долари;

11. САД - 62.518 долари;

12. Сан Марино - 61.580 долари;

13. Холандија - 56.571 долари;

14. Саудиска Арабија - 55.926 долари;

15. Исланд - 54.753 долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија