Интересна мапа споделена на социјалните мрежи го покажува квалитетот на патиштата во различни земји од Европа, а Македонија е меѓу најлошите.
На мапата споделена на инстаграм-страницата „ishowgeography“ различните бои го претставуваат квалитетот на патиштата во одредени земји: оние со подобри услови се претставени со зелена боја, додека во потемните нијанси се државите чии патишта се прилично лоши.
Мапата ги прикажува земјите од Западна Европа, каде што Франција, Шпанија и Португалија се означени со светлозелена боја, а рејтингот на патиштата се движи од 5,7 до 6.
Едно ниво подолу се земјите означени со тиркизна боја, како Германија, со оцена 5,3, а тука се и Норвешка, Шведска, Италија, Словенија и Турција.
Најтемна нијанса на мапата имаат земјите како Албанија и Македонија, како и Белорусија, со оцена 1,9. Од земјите од поранешна Југославија, Босна и Херцеговина доби оцена 2,8, а слично е оценета и Србија, како и многу источноевропски земји како Бугарија, Романија, Молдавија и Украина.
Фото: Freepik