X
 27.05.2020 Здравје

Ковид-19: Оздравени 17 пациенти, 25 новозаболени

На Институтот за јавно здравје денеска се регистрирани 17 оздравени пациенти од Ковид-19, информира Министерството за здравство. По градови тоа се: Скопје - 11, Куманово – 4 и по еден во Тетово и во Велес. Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи и тоа во: Скопје - 14, Штип - 4, по двајца во Куманово и во Тетово, по еден во Прилеп, Струга и во Велес.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале пациент од Струга (58 г.) и пациент од Скопје (47 г.) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ починал пациент од Тетово (41 г.) хоспитализиран на 19 мај.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.039, од кои оздравени се 1.470 пациенти, починати се 119, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 450. Последната дистрибуција по градови е:

- Скопје - 747, активни 210
- Куманово - 438, активни 33
- Дебар - 51, активни 0
- Штип - 50, активни 15
- Прилеп -211, активни 47
- Тетово - 179, активни 70
- Струга - 77, активни 9
- Велес - 128, активни 40
- Битола - 28, активни 7
- Охрид - 23, активни 8
- Кавадарци - 5, активни 0
- Гостивар - 22, активни 4
- Гевгелија - 4, активни 0
- Струмица - 3, активни 1
- Крива Паланка - 6, активни 0
- Радовиш - 4, активни 0
- Крушево - 3, активни 0
- Кочани - 31, активни 0
- Пробиштип - 2, активни 0
- Кичево - 2, активни 0
- Неготино - 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар - 1, активни 0
- Македонски Брод - 2, активни 0
- Пехчево - 3, активни 0
- Делчево - 1, активни 0
- Валандово - 1, активни 0
- Виница - 3, активни 1
- Кратово - 2, активни 1
- Берово - 1, активни 0
- Свети Николе - 1, активни 1
Type your content here...

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје