X
 06.03.2022 Култура

Филмови што треба да ги гледаат студентите по историја

Доколку студирате или едноставно сакате историја, треба да ги погледнете следните филмови.

„Ѕверови без нација“ (англ. Beasts of no nation)


Приказната е за африканско дете кое станува војник за време на граѓанска војна во неговата земја.

„Прво го убија татко ми“ (англ. First they killed my father)


Приказната е за геноцидот на Црвените кмери во Камбоџа.

„Кво вадис, Аида?“ (Quo vadis, Aida?)


Славната режисерка од Босна и Херцеговина, Јасмила Жбаниќ, освои повеќе филмски награди за овој филм, кој е за масакрот во Сребреница.

„Обложување на столетието“ (англ. The big short)


Дознајте какви заткулисни игри се воделе на Берзата во Њујорк непосредно пред нејзиниот крах во 2008 година.

„Белфаст“ (англ. Belfast)


Режисерот Кенет Бранаг ја раскажува приказната за сопственото растење во Белфаст кон крајот на 60-тите години.

„Игра на имитација“ (англ. The imitation game)


Придонесите на Алан Тјуринг во победата на Втората светска војна долго се туркани под тепих поради неговата сексуалност. Овој филм покажува како се разбил кодот на машината Енигма, што овозможило пресретнување на нацистичката комуникација.

„Мрачни води“ (англ. Dark waters)



Марк Рафало глуми адвокат кој поднесува голема тужба против хемиска фабрика која долги години загадувала мал град во Западна Вирџинија.

„Скриени фигури“ (англ. Hidden figures)


Запознајте ја фасцинантната жена без чии пресметки Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс не би успеале да слетаат на Месечината.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура