X
 28.07.2018 Живот

Tри типа на станови во Скопје наменети за студенти

Поевтини станови во периферните населби или поскапи во центарот на градот, во моментот цените се движат од 3.000 до 9.000 денари

За сите студенти кои од есен ќе почнат да живеат под кирија во Скопје во моментот има стотина огласи кои се нудат на интернет-огласот „Пазар 3“. Поевтини станови во периферните населби или поскапи во центарот на градот, во моментот цените се движат од 3.000 до 9.000 денари.

На пример во населбата Ѓорче Петров можете да најдете стан за 50 евра месечно (без дополнителните трошоци), но станот мора да сго делите со неколку цимери, бидејќи вкупната месечна наемнина е од 200 до 250 евра. 

 

 

За истата квадратура во „Дебар маало“ е од 300 до 370 евра. Поскап стан, поблиску до центар или поевтин на периферијата. Сами, со еден или со повеќе цимери? Студентката од Велес која веќе неколку години живее во Скопје вели:

- Како студент од друг град што престојува во Скопје, една од најважните работи кога барам стан ми е локацијата. Секогаш избирам некој што е поблиску до факултет и не многу оддалечен од центарот – вели А.Н.

Центар или периферија?

Ситуацијата со станови што се наоѓаат на периферијата на градот е малку поинаква. Цените и режиските трошоци се далеку помали, ама ќе ви треба повеќе време да стигнете на предавањата на факултет.
- Не преферирам стан премногу оддалечен од сè, затоа што одзема време, понекогаш треба да смениш и неколку автобуси додека стигнеш до посакуваната локација. Наместо луксузен во периферијата од градот, добиваш просечно уреден стан во близина на центарот – објаснува А.Н.

Становите кои се наоѓаат на периферијата од градот (Ѓорче Петров, Бутел, Автокоманда, Влае) имаат поевтина кирија и помали режиски трошоци. Така, за простор од 90 до 100 квадратни метри потребни се од 4.800 до 6.000 денари месечно, ако живеете со тројца цимери. За истата квадратура за станови во Центар, Карпош или во Аеродром месечните трошоци се од 7.500 до 9000 по студент.


Станови во Дебар Маало, Ѓорче Петров и во Карпош 2

Во моментов има вкупно 86 активни огласи на „Пазар 3“ за изнајмување на станови.
На пример, се изнајмува трособен стан во Дебар Маало, со површина од 70 квадратни метри. Целосно е реновиран и опремен, на прв кат. Во него можат да живеат и тројца студенти, а чини 370 евра месечно. Се издава на минимум една година.

Фотографија од станот во „Дебар Маало“   Извор: „Пазар 3“

Вака изгледа наместен стан во Ѓорче Петров. Има четри соби - две големи и една мала спална, со две тераси. Станот е на тивка и мирна локација. Вкупната површина му е 100 квадратни метри и чини 250 евра месечно. Во него можат да живеат и до четворица цимери.


Дневната соба во станот во „Ѓорче Петров“   Извор: „Пазар 3“

 

Стан во Карпош 2, близу „Машински факултет“ со површина од 54 квадрати. Малку е потесно, но има легла за четворица студенти. Чини 230 месечно.

 

Подготвил: Теодора Цветковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот