X
 06.03.2023 Живот

Крис Рок конечно одговори за шлаканицата на „Оскарите“ од Вил Смит во специјална епизода на „Нетфликс“

Комичарот Крис Рок конечно одговори за неславната шлаканица што ја доби од Вил Смит на „Оскарите“, по речиси една година од настанот.

Додека се подготвува за најновото специјално издание на „Нетфликс“ наречено „Selective Outrage“, Рок се осврна на инцидентот.

- Она што луѓето сакаат да го знаат е дали болеше? По ѓаволите, да, болеше - вели тој.



Секако, комичарот сето тоа го претвори во шега, осврнувајќи се на улогата на Смит во биографскиот филм за Мухамед Али: - Тој го глумеше Мухамед Али, а јас Пуки! Дури и во анимираните филмови јас сум зебра, а тој е ајкула.

Новата комедија доаѓа по речиси една година од шокантниот инцидент што го предизвика Смит на „Оскарите“ во 2022 година, кога Рок беше домаќин. На церемонијата Рок направи шега на сметка на сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет-Смит, која се однесуваше на нејзината избричена глава: - Џејда, те сакам! „Џи-ај Џејн 2“, едвај чекам да те гледаме! - рече Рок, алудирајќи на фризурата на Џејда.

Специјалната епизода е достапна за гледање на „Нетфликс“.



Извор: Unilad.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот