Децата се прилично неверојатни, нели? Сигурно имате некое малечко кое го сакате до бескрај, или пак во иднина сакате да имате.
Која и да е вашата лична приказна, врската која ја имаме со децата е една од најважната во нашите животи. Како ќе се развива таа со децата како луѓе, длабоко не` формира кои сме ние и какви луѓе станавме.
Децата сонуваат големи работи и посакуваат уште поголеми. Вратете се назад во вашите детски денови и сетете се како го гледавте овој голем свет проектирајќи ги вашите надежи и соништа. Како овие надежи и соништа можат да се споредат со оние на денешните деца?
Ова се најголемите желби на децата од целиот свет.
1. Желбата да се забавуваат
Кога возрасните ги прашуваат, децата секогаш одговараат што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Но, големи се шансите тие да уживаат во сегашниот момент кога можат да се забавуваат и да уживаат.
2. Желбата да играат
Ако имате среќа, забавата и уживањето доаѓаат во многу форми кога сте дете. Играта е обично срцето на забавата. Играта им овозможува на децата нивната имагинација да расте, им дава можност за натпреварување и им овозможува да заборават се` останато.
3. Желбата за непослушност
Децата сакаат да тестираат колку далеку можат да одат возрасните. Тие често пати прават работи за да видат како ќе изреагираат возрасните. Прифатете ги нивните непослушни игри и обидете се вашиот темперамент и нетрпеливост да не излезе на површина.
4. Желбата за експериментирање
Оваа желба е тесно поврзана со желбата за непослушност. Децата обожаваат да тестираат, испробуваат, учат и откриваат. Оставете ги да ги научат работите на своја рака, и да направат грешки.
5. Желбата да бидат прифатени
Нитуедно дете не сака да се чувствува како аутсајдер, иако голем дел од нив се чувствуваат. Тие сакаат да бидат препознати, ценети, прифатени и вклучени - исто како возрасните.
6. Желбата за пријателство
Најмногу, децата го сакаат друштвото на другите деца; дури и оние најнезависните се најсреќни кога играат со децата.
7. Желбата за безбедност
Децата знаат да бидат неверојатно прилагодливи. Голем дел од нив можеби не посакуваат безбедност, со оглед на тоа што немаат голема идеја за физичкиот ризик. Но токму овие деца сакаат да ја разберат природната средина која не е безбедна.
8. Желбата за мир
Оваа желба е поврзана со желбата за безбедност. Ако сте дете кое било родено во свет на кој му се заканувале бомби, пиштоли, терористички напади, тогаш вашето детство со сигурност е различно од детството на другите луѓе.
9. Желбата за храна
На децата им е потребно гориво. На некои повеќе од другите, но за сите нив ова е уште една фундаментална човечка потреба.
10. Желбата за доверба
Децата знаат безусловно да им веруваат на луѓето; дури и на странците. Затоа, бидете искрено и не им давајте причина за тие да не ви веруваат.
11. Желбата за дом
Со оглед на тоа што лесно се прилагодуваат, децата можат да се преселуваат многу без оглед на околностите. Но, нив им е потребен удобно, безбедно место кое ќе можат да го наречат дом. Обидете се да им го овозможите тоа.
12. Желбата за родители
Децата сакаат да ги имаат двата родители со кои се чувствуваат најбезбедно во светот. Се` што можите да направите е да бидете таму за нив, и да се погрижите и вашата друга половина да биде со вас.
13. Желбата да не работат напорно
Колку и да се прилагодливи, на децата треба да им се дозволи да бидат деца: да играат, да се забавуваат и да експериментираат.
14. Желбата да учат
Можеби ова нема да го признаат, но децата сакаат да учат нови работи. Затоа тие играат, истражуваат - на тој начин се откриваат себеси.
15. Желбата да посакуваат
Децата сакаат да сонуваат и посакуваат. Летниот распуст трае многу малку. Затоа оставете ги во тој период да се опуштат, одморат, да сонуваат и да посакуваат.