Драги родители, баби и дедовци, стрини, вујковци, тетки и тетиновци. Ој сите вие знајни и незнајни старатели, хуманисти, наставници и негуватели, професионалци од разен сој, сите до еден што работите со деца и/или се грижите за нив, слушнете сега добро. Можеби за нас, возрасните, Дедо Мраз е само измислена приказна од некојси забеган писател, или пак тој е само „нашиот“ свети Никола или пак „вашиот“ свети Незнам. Можеби за вас тоа е една голема несолена и неарна шега која, нели, еден ден ќе ги разочара децата кога ќе пораснат и ќе ја дознаат вистината. Па што и да е така?! Мислите дека сте важни и кул и ин кога глумите современи сезнајковци?! Грешите, многу грешите и еден ден ќе ви биде криво за секој ден повеќе во кој вашето дете живее со „просветителската” од вас кажана вистина... Кои сте вие да им ја ускратувате на децата вербата во едно инакво утре и надежта дека зимата во сиот свој студ носи еден добар стар човек кој шири љубов насекаде.
Целата колумна на психологот, проф.д-р Мирослав Пендароски, прочитајте ја на
Деца.мк.
Фото: Горан Анастасовски