X
 05.10.2016 Култура

Ќе се разнежите од оваа идеја посветена на бездомните кучиња



Читачка програма

The Humane society of Missouri направија програма што ја нарекоа The shelter buddies reading program (во слободен превод: Да им читаме на другарчињата од Домот). Програмата предвидува помош за уплашените бездомни кучиња да можат полесно да се адаптираат во заедницата, со посредство на дечиња на возраст од шест до петнаесет години, кои ќе се обидат на кучињата да им ја вратат довербата во луѓето.

Секој би се запрашал, како овие дечиња, повеќето во претшколска возраст, би можеле да им помогнат на оставените кучиња?

Одговорот е многу едноставен: ќе им читаат.

Програмата се однесува претежно на деца кои имаат потреба од читачка вежба на глас, или на тие што се плашат од јавен настап, и ги повикува доброволно да се вклучат.

Единствено што треба да направат е да си понесат книга (или повеќе од една) по сопствен избор.
Дечињата седнуваат пред една куќичка со куче и почнуваат да му читаат. Истовремено, дечињата стекнуваат читачка вештина и способност за јавен настап во некритичка средина, а кучињата имаат можност полека да се приспособат на присуството на луѓето.

„Програмата ја почнавме заради две причини. Кучињата во засолништата се соочуваат со анксиозност и стрес, па сакавме да направиме нешто што ќе ги опушти. Во околината имаме многу деца со проактивен став, кои нè прашуваат: Како можам да ви помогнам?“, изјави Џоелин Клепацки.

Клепацки рече дека целта на оваа програма е да ги поттикне кучињата да се „заинтересираат“ за дечињата што им читаат, на тој начин што би застанале пред нив додека тие не завршат со читањето.

Читачка програма

Кучињата што изгледаат „заинтересирани“, многу побрзо ги посвојуваат, што значи дека овој начин им помага побрзо да си најдат дом.

И дечињата, исто така, преку различни гестови се охрабруваат да комуницираат со кучињата што им приоѓаат.

Оваа програма, речиси цела година успешно функционира, а резултатите, на обострано задоволство, се неверојатни.        
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура