И покрај голем број нови техники за бојадисување на јајца, многу луѓе се враќаат на старата добра и проверена метода - бојадисување на јајцата со ливчиња и кромид.
Ова е еден од најомилените начини на декорација на јајца бидејќи се користат сосема природни материјали.
Освен тоа, потребни ви се хулахопки, конец и ножици.
Чекор по чекор:
1. Подгответе ги јајцата, ливчињата, ножиците, хулахопките и конецот.
2. Ставете го ливчето на јајцето.
3. Исечете ги хулахопките.
4. Ставете го јајцето во хулахопките и сечете го она што е вишок.
5. Ставете ги лушпите од кромид, а потоа наредете ги јајцата. Ставете вода така што јајцата ќе бидат потопени. Варете 20-тина минути.
6. Кога ќе биде готово, извадете го
јајцето. Исечете ги и скинете ги хулахопките, а потоа и ливчињата.
7. Јајцата намачкајте ги со масло за да имаат подобар сјај.