Шефот на сообраќајната полиција во авганистанската престолнина Кабул, Каил Мохамаад Гавар, предупреди дека ниеден таксист не смее да вози низ градот додека не го заврши процесот на фарбање на возилото од жолта во светло-сина боја.
Гавар истакна дека возачите кои нема да го почитуваат ова правило ќе се соочат со правни последици.
- Моето барање до сите таксисти е да го однесат возилото на фарбање, а пред тоа да не го возат возилото низ градот. Ако нивните автомобили се делумно исфарбани, треба да избегнуваат и да не ги користат патиштата - изјави Гавар.
Некои возачи изразија загриженост дека процесот на фарбање трае предолго и ги повикуваат надлежите да ја забрзаат постапката.
Минатата година талибанците најавија промена на бојата на такси-возилата како дел од обидот за борба против криминалот, кој е распространет низ Авганистан. Во последниве години во Авганистан голем дел од возилата што се претставуваат како такси, беа користени за киднапирања и грабежи.
Шефот на сообраќајната полиција вели дека со обојувањето на автомобилите Авганистан ќе развие побезбеден и поунифициран транспортен систем за земјата.
Извор:
Telegraf.rs
Фото:
Twitter