Малиот град Августусбург во Источна Германија е отворен за туристите, но само доколку тие направат тест за коронавирусот пред да влезат и доколку резултатот е негативен.
Сите што сакаат да го посетат Августусбург мора да се регистрираат за да добијат код и да се тестираат за коронавирусот кога ќе пристигнат. Доколку тестот е негативен, туристите може да го користат кодот што го добиле за влегување во ресторани, хотели, продавници и музеи. Бројот на туристи е ограничен на 360 дневно, а нема ограничувања за жителите на градот, пренесува „Јуроњуз“.
Фото: Августусбург/Wikipedia
Сепак, негативниот резултат на тестот не значи дека не треба да се држи растојание и да не се носи маска, бидејќи овие мерки продолжуваат да важат. Освен тоа, на една маса може да седат најмногу петмина од различни семејства, а вработените лица во угостителските објекти се тестираат секој ден.
Продавниците и рестораните ги прифаќаат условите, особено затоа што знаат дека проектот би можел да заврши наскоро доколку се зголемат случаите на заразени со коронавирусот. Доколку бројот на пациенти со коронавирус во клиниките во Саксонија надмине 1.300, во Августусбург ќе се воведат мерки за ограничено движење.
Како што открива еден германски турист за „Јуроњуз“, тестовите за влез во градот ќе бидат валидни само еден ден.
Автор: Кејти Дартфорд
Извор:
euronews.com
Насловна фотографија: Pixabay