X
 10.02.2020 Живот

Тројцата Македонци што се на крузерот во Јокохама се во добра здравствена состојба

Тројцата македонски државјани што се наоѓаат на бродот „Дајмонд принцес“ во пристаништето во јапонскиот град Јокохама се во добра здравствена состојба, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Крузерот е во двонеделен карантин во пристаништето во Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран новиот коронавирус.

Од МНР посочуваат дека нашата амбасада во Токио остварила директна комуникација со тројцата македонски државјани што се наоѓаат на бродот во Јокохама. Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот.

Бројот на случаи со коронавирус на бродот, кој е во карантин, се зголеми на 130, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на извор од јапонското министерство за здравство. На бродот има околу 3.700 патници и членови на екипаж.

Од коронавирусот досега починаа 910 лица, од кои 908 во Кина, а заразени се над 40.000. Поголем дел од смртните случаи се во кинескиот град Вухан, каде што почна епидемијата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот