X
 06.05.2017 Живот

Ученик создал градник кој рано може да открие рак на дојка

Со своите 13 години Џулијан Риос Канту ја гледал својата мајка како се бори за живот по втор пат, поради истата болест - рак на дојката.

Тогаш научил дека жените во Мексико имаат мали шанси да преживеат кога еднаш ќе заболат од него, бидејќи во оваа држава во 2014 година од оваа болест починале преку 5 милиони жени. Од страв дека би можел да ја изгуби својата мајка, ова паметно момче одлучило да ги преземе работите во свои раце - создал патент кој ќе ги спасува животите на многу жени ширум светот.

Џулијан и неговиот тим од компанијата „Higia Technologies“ која тој ја основал, го создале градникот „EVA“ првично наменет за жените кои имаат генетска предиспозиција за заболување од рак на дојката. Градникот е опремен со 200 сензори кои ги следат промените во температурата, формата и тежината на дојката.

Наглите варијации од параметрите се показател за можна болест, па корисниците добиваат предупредување кога мораат да посетат доктор.



„Градникот ги собира сите симптоми за рак кои жената може да ги има - од промена на форма на дојка, температура па и боја. Овие податоци се испраќаат во софтвер и од нив произлегува дијагноза. Зошто градник? Затоа што ни овозможува да имаме постојан пристап до истата позиција“, вели Џулијан.

Неговата иновација ја доби наградата „Global Student Enterpreneur Award (GSEA)“ заедно со 20.000 долари, каде победил во конкуренција со 13 ученици иноватори од сите краеви низ светот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот