X
 01.09.2015 Технологија

Корисни апликации за студенти со оштетен вид

Ви нудиме листа на најпопуларни апликации за студентите со оштетен вид кои ги препорачуваат наставниците. Исто така, ви нудиме листа на извори кадешто можете да пристапите до широк спектар на други апликации соодветни за слепите и лицата со оштетен вид.


1. ViA од Braille Institute

Braille Institute гордо ви ја претставува апликацијата ViA  (Visually Impaired Apps) која е достапна за iPod Touch, iPhone и iPad. Aпликацијата е дизајнирана за да помогне да се идентификуваат апликациите кои се корисни за лицата со оштетен вид.

2. Be My Eyes- Helping Blind See

Оваа апликација помага преку видео конекција во живо за слепите лица.  

3. TapTapSee - Blind & Visually Impaired Camera

Апликацијата е дизајнирана да им помогне на слепите и на лицата со оштетен вид да ги идентификуваат предметите со кои се среќаваат во текот на денот. Преку два пати кликнување на екранот за да се фотографира предметот, апликацијата го кажува името на предметот.

4. Talking Calculator

Одлично опремен калкулатор, кој стана омилен меѓу корисниците и училиштата низ светот. Дизајниран за широк спектар на корисници, овој калкулатор има голем шарени копчиња, опција за висок контраст, VoiceOver поддршка и можност да се искористи говорот за одговори, имиња на копчиња и формули.

5. SayText

Оваа апликација го чита на глас текстот од една слика и е создадена за лицата со оштетен вид.

6. AccessNote

Ова е првата апликација за iOS платформа дизајнирана за корисниците на VoiceOver кои бараат високо ефикасна белешка. Апликацијата им овозможува на корисниците да комбинираат ефикасни белешки со безброј други карактеристики и функции на iOS уредите.

7. Visual Brailler

Апликацијата е едноставна Брајаова азбука која нуди можност за пишување на iPad.

8. VisionAssist

Ова е нова категорија на електронски зголемувач кој го користи вашиот паметен телефон. Дизајниран е да им помогне на луѓето со оштетен вид вклучувајќи ги и оние кои имаат AMD (age related macular degeneration), глауком, дијабетична ретинопатија, катаракта и далтонизам. 

 

Дополнителни апликации:

 
Апликации за слепите и лицата со штетен вид

iPad и iPhone апликации за лица со оштетен вид

Апликации за деца со оштетен вид


iOS апликации за слепите и лицата со оштетен вид

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија